Балкан
25. August 2016 - 18:36

Танин: Бриселскиот договор останува камен-темелник на помирувањето

Бриселскиот Дијалог Белград - Приштина останува камен-темелник на помирувањето, изјави денеска шефот на УНМИК Захир Танин пред Советот за безбедност на ОН.

Обраќајчи се пред Советот за безбедност по пат на видео бим од Приштина, тој истакна дека од српските лидери во Белград слушнал дека е неопходно дијалогот да биде успешен.

- Премиерот Александар Вучиќ посебно нагласи дека се гуни премногу време и оти е потребно посериозно определување за дијалог, и тоа не само на лидерите и преговарачите, туку и на ЕИ и цела меѓународна заедница, истакна Танин.

Тој уште додаде дека европската перспектива во регионот и натаму е главен двигател на реформите.