„Танец“ успешно го заврши првиот дел од балканската турнеја
Ансамблот „Танец“, кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, го заврши првиот дел од балканската турнеја која се реализира со поддршка од Министерството за култура. По повеќе години, со особен успех и пред многубројна публика, „Танец“ одржа целовечерени концерти во Бар и во Тиват, Црна Гора, од каде ја почна својата турнеја.
Настапите, како што информира Министерството за култура, продолжија во Босна и Херцеговина, каде „Танец“ беше почесен гостин на фестивалот ЦИОФФ во Купрес. По повеќе од 20 години, „Танец“ имаше настапи во Мостар, Сараево, Стрљаница и Читлук - Вионица. По претставувањето на македонската култура и традиција, „Танец“ се враќа да го отвори јубилејниот 55-ти Балкански фестивал на песни и игри во Охрид.
По кратка пауза, ќе продолжи вториот дел од турнејата, при што на 27 јули „Танец“ ќе го затвори култното „Бродско лето 2016“ во Славонски Брод, Република Хрватска и ќе одржи уште два концерта на меѓународниот фестивал „Глумци“ во Загвозд, како почесен гостин. На трети август првпат „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт во Рожаје, Република Црна Гора, каде со нетрпение се очекува настапот на овој реномиран ансамбл.
- Во својата културна мисија низ децениите, овој колектив, кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на она најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ, за што сведочат и многубројните награди и признанија, но и настапи на сите континенти, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово