Македонија
8. January 2020 - 10:04

Талески: Ќе станеме полноправна членка на НАТО пред да се одржат изборите

По изборот на новата Влада во Мадрид во Шпанија постојат стабилни политички услови за да ја затворат нивната ратификација на протоколот. Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека и ние сме спремни за ратификација, вели Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Македонија во НАТО.

-Јас сум 100 проценти сигурен дека ратификацијата на Вашингтонскиот договор и нашето полноправно членство ќе го заврши Собранието во овој формат, пред да се распушти, пред да се одржат изборите и ние ќе станеме полноправна членка и формално на НАТО пред да се одржат парламентарните избори, рече во Утрински брифинг Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот.

Тој потсетува дека ние веќе во последнава година учествуваме во Алијансата на рамна основа во сите формати, а тоа се виде, додава, на состанокот на лидерите во Лондон каде премиерот Заев седеше на иста маса со Трамп, Меркел и Макрон и сите останати лидери на земјите членки на НАТО.

Во однос на нападот на Иран на две бази во Ирак со американски војници, нашата земја која е пред  влезот во Алијансата, гледа со доза на загриженост, како и целиот свет, особено кога ескалираат тензиите, посебно воени, и особено кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на РС Македонија – САД.

Тој посочува дека нападот врз воени бази на САД со можни жртви и материјални штети, веројатно повлекува вклучување на членот 5 кој вели „еден за сите – сите за еден“, ако една земја е напдната, нападнати се сите. Укажува и на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека сите сојузници стојат зад својот најважен и најголем сојузник – САД, но оти сепак, НАТО и модерниот свет е место каде проблемите требна да се решаваат со дијалог и по мирен пат.

-Тензиите помеѓу САД и Иран и Иран и останатиот демократски свет, заради различни причини и интерси веќе подолго време ескалираат и ова е последниот момент да се напшрави пауза, да се земе здив и добро да се размисли, а посебно Иран за своите опиции и како ќе се поставува во оваа ситуација. Ситуацијата особено ќе зависи од обраќањето на претседателот Трамп кој ќе ги даде главните насоки како ќе се однесуваат САД, односно како оправдано ќе возвратат на нападот на нивната база и војници кои се таму, вели Талески.