Талат Џафери поради работни обврски денеска нема да сведочи за "27 април"
Собранискиот спикер Џафери кој требаше денеска да сведочи на судењето за наводните организатори на 27 Април, нема да дојде во судница.
Го известил судот дека има работни обврски и дека може да сведочи дури после 12 часот, но поради другите неколкумина повикани сведоци, судот го информирал Џафери ќе го повика да сведочи на некое од следните рочишта.
За случајот, и денеска сведочат пратеници. По барање на одбраната свои искази за случувањата на 27 април ќе имаат Стојан Миланов, Нада Цикушева, Борис Змејковски, Павлина Честојанова и Драган Цуклев.
Според обвинителниот акт на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, случувањата од 27 април во Собранието ги организирале Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски. Обвинети се за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност