Македонија
30. September 2018 - 21:13

Талат Џафери: Денеска не гласав, моето име го немаше на избирачкиот список

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги искажа своите импресии по референдумот одржан денеска во Македонија. Првиот човек на Собранието не гласаше на референдумот поради тоа што неговото име го немало на избирачкиот список.

„Не можев да го искористам демократското право, моето име не беше на избирачкиот список. Се надевам дека се работи за изолиран случај, и дека немало други вакви случаи“, изјави Џафери.

Тој истакна дека референдумот ќе биде основ за идните процеси кои ја очекуваат земјата во идниот период.

„Граѓаните денеска со референдумот ги поставија темелите на иднината на Македонија. Се надевам дека ова е една подобра иднина, и овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период. На крај дозволете ни да им честитам на граѓаните за овој значаен ден“, рече Џафери.