Свет
16. September 2016 - 9:45

Тајван под закана на нов тајфун

Тајванските власти издадоа предупредување дека се приближува нов тајфун, наречен Малакас. Се очекува тајфунот денеска или најдоцна утре да ги погоди северните и источните делови од Тајван.

Според метеоролозите тајфунот ќе се насочи кон Јапонија.

Јапонската метеоролошка служба веќе издаде предупредување за силни ветрови и големи морски бранови во јужниот дел на земјата. Се претпоставува дека тајфунот Малакас може да предизвика бранови високи и до 11 метри.

Тајфунот Малакас уследи само два дена откако Тајван беше погоден од супертајфунот Меранти, најмоќен во последните 20 години, што предизвика голема материјална штета, а еден човек загина, а десетици беа повредени. Приближно еден милиони луѓе останаа без електрична енергија.

Меранти се упати кон Кина, каде се намали интензитетот до тропска бура.