Свет
8. April 2019 - 8:35

Тајван: „Ербас А330“ морал итно да слета кусо време по полетувањето

Авион на компанијата „Катаи Драгон“, кој летал од Гаосјон за Хонг Конг, морал принудно да слета на аеродромот од кој полетал, откако се појавил „технички проблем“. 

Официјален претставник на Тајванската администрација за цивилна авијација (CAA) изјави дека авионот се вратил на аеродромот поради „техничка неисправност на еден од моторите“ и негираше дека авионот удрил птица.

Во тек е истрага за инцидентот.