Тајфунот Хагибис се приближува до Јапонија
Поради силниот тајфун Хагибис, што се приближува до Јапонија, одложен е гран при Формула 1, како и Светскиот куп во рагби.
Хагибис, што значи јачина на јапонски јазик, се очекува да стигне на јапонскиот остров Хоншу денеска, а тајфунот би можел да донесе рекордни количини дожд, големи бранови и силен ветер, тврдат метеоролозите. Тоа би можело да биде најсилната бура што го ќе погоди Токио од 1958 година.
Во областа Чиба источно од Токио, официјалните лица ги предупредија граѓаните да ги подготват најпотребните работи за три дена.
Авиокомпанијата АНА ги откажа сите домашни летови, додека „Јапан ерлајнс“ откажа само некои од летовите на аеродромите во Осака и Нагоја.
Железницата објави дека денеска ќе ги прекине линиите меѓу Токио и Нагоја, како и меѓу Нагоја и Осака.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе им нареди на членовите на владата да ги преземат неопходните мерки.
– Владата ќе работи како еден за да се подготви за тајфунот, рече министерот за намалување на ризикот од катастрофи, Риот Такеда.
Официјални лица исто така предупредуваа дека некои згради би можеле да се урнат под налетот на тајфунот, кој со себе носи ветрови со јачина од 216 километри на час.
Ново на Сител
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј