Живот
8. December 2020 - 10:13

Таинствен монолит се појави и во Холандија

Таинствен метален монолит се појави во северниот дел на Холандија. Тој е сличен на монолитите што неодамна се појавија во САД, Романија и Велика Британија.

Монолитот бил откриен во неделата на приватен имот.

– Најверојатно е поставен за време на викендот, но не знаеме како пристигнал овде, соопштија шумските власти.

Монолитот во Холандија е со сребрена боја, а подножјето е прекриено со мраз.