Балкан
23. December 2017 - 18:49

Тагата не се опишува со зборови: Синот на Жика ќе биде кремиран во присуство на најблиските

Синот на Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, кој почина во средата, ќе биде кремиран денеска во 16 часот на Новите гробишта во Белград. Испраќањето на момчето ќе биде само во кругот на најблиските.
 
На истите гробишта почива и неговиот дедо Бора, а веројатно остатоците на Дејан ќе бидат положени крај дедо му Бора Тодоровиќ.
 
Дејан почина во сон, од последиците на синдромот на ненадејна смрт.