Живот
16. September 2015 - 22:03

ТАГА: Петгодишната принцеза почина неостварувајќи ја последна желба

Петгодишното девојче, семејството, пријателите и сите останати со големо срце пред еден месец подготвија роденден кој не се заборава.
 
Всушност, тоа беше роденден, матурска, свадба, балот на Пепелашка и многу повеќе од сето тоа.
 
Имено, кај Лила Мај е дијагностицирана посебен вид на рак на коскената срцевина пред 3 години. кога докторите изјавиле дека нејзиното тело нема да може да ја добие оваа битка, нејзините најблиски се обидоа да и го разубават остатокот од животот.
 
Но, најтажн ата петгодишна принцеза почина без да ја оствари својата последна желба.
По роденденот помина една недела на Хаваи, беше прогласена  за принцеза на градот, но имаше уште една желба да игра со пејачот Брајан Лук.
 
- Отсекогаш го сакаше, кофа и да ја слушнеше песната почнуваше да игра, - вели мајката.
 
Нејзината омилна песна би ла „That`s My Kind Of Night“.
 
Кога брајан слушнал за тоа веднаш снимил специјално видео за Лила и пратил ВИП билети.
Но, малата принцеза не го доживеала тоа. Поради крварење во мозокот завршила во болница, каде набрзо починала.
 
После смртта, нејзината мајка ги објавила фотографиите од патувањето.
Насмевка, сјај во очите, убавината на оваа петтгодишна девојка натера милиони луѓе да заплачат.