Балкан
9. March 2016 - 13:03

Тага и болка: Замина без да го дочека раѓањето на својот син

Горан Медиќ, 28-годишното момче од Србија кое беше претепано до смрт, денеска беше испратено во вечниот дом. Тажна слика на гробиштата, лелеци од болка на родителите и солзи за младото момче, денеска ја завија Србија во црно. 

Момчето почина во саботата наутро по тешките повреди кои ги здоби додека седел во кафеана со 25-годишниот Лазар М. Тие се скарале, се степале, по што Лазар го удрил Горан со флаша во главата, поради што добил сериозни повреди и крварење. 

Причина за кавгата бил грабеж од пред неколку години во куќата на сега убиениот, во која учествувал убиецот. 

Родителите, пријателите, роднините, бремената невенчана сопруга и најблиските го испратија момчето во вечниот дом. 

- Беше млад, животот беше пред него. Планираа свадба, чекаат дете, требаше да си направат дом, ова е страшно, вели еден од роднините.

- Не оди сине, што ќе правам без тебе, викала неутешната мајка на која и се слошило и едвај стоела на нозе.

Таткото викал од болка: Не го спуштајте во земја мојот син, не оди сине, велел тој.

Пред да биде спуштен ковчегот, пријател на убиениот оддржал посмртен говор: - Беше весел, сакаше коњи, фолклор...Секогаш спремен за шега, колку го сакаше животот...

- Сине, ту купувавме одело за свадба, а го облече за погреб, не оди сине, плачел таткото.

Голема трагедија. Нека почива во мир.