Живот
7. January 2016 - 14:10

Тага и болка: Почина познатата македонска актерка

Ратка Чоревска доајенот на македонското актерство почина во Битола. Родена е во Штип 1924 година. Беше дел од многу театарски ансамби во Македонија, со својата актерска моќ имавме можност и чест да ја гледаме и во играни филмови.

Нејзиниот ангажман во Битолскиот народен театар ќе остане запаметен по многу улоги.

Точно 44 години беше дел од ансамблот на битолскиот народен театар. Добитник е на многу награди и признанија, а во 2010 година ја доби наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп.