Балкан
10. November 2015 - 11:25

Тага и болка: Наташа и нејзиниот син испратени во вечниот дом - Ќерката едвај стоеше на нозе

Наташа Арсиќ и нејзиниот син Алекса од Србија, кои загинаа во страотна сообраќајка, вчера беа испратени во вечното живеалиште. Тажна поворка од членовите на семејството на 36-годишната мајка и нејзиниот 14-годишен син, роднини и пријатели, ги испратија во вечниот дом на гробиштата во Јагодина. На погребот ќерката на Наташа која си ги загуби и мајката и братот во ист ден, едвај стоела на нозе. Девојчето кое исто така беше тешко повредено во несреќата, ги закопа своите мајка и брат и се зави во црно.

- Не ја спуштајте во земја, вратете ја кај мајка и, викала низ болка мајката на Наташа која била неутешна. 

За потсетување, во страшната несреќа викендов мајката и 14-годишното момче починаа на лице место, додека нејзиниот сопруг и постар син се одржуваат во живот со апарати. Нејзината ќерка којаисто така била во автомобилот е пуштена дома. Тие со своето Хјундаи изгубиле контрола и се превртеле. Досегашната истрага покажува дека немало знаци на кочење, ниту пак судир со друго возило. 

И понатаму се истражува како дошло до несреќата.