Тачи тврди дека Западот не може да ја убеди Србија да го признае Косово
Претседателот на Косово Хашим Тачи нагласи дека западните сојузници на Косово не можеле до денес да ја убедат Србија да ја признае независноста на Косово. Тие не можат да гарантираат дека тоа ќе го сторат ниту во блиска иднина.
Во авторски текст објавен на неговиит веб-сајт, Тачи наведува дека признавање на Косово од страна на Србија е главна пречка за евроатланскиот пат на Косово.
– Некој може да каже дека Србија треба да го признае Косово без условувања и во рамки на сегашните граници. И јас го сакам истото. Но, дали мисите дека ние ќе ја убедиме Србија да направи такво нешто набрзо? За жал, не. А, ЕУ и нашите сојузници САД, Германија, Британија, Франција, Италија и многу други држави дали мислите дека тие ќе ја убедат Србија да го признае Косово: Повторно одговорот е – не.
Според него, договорот меѓу Белград и Приштина може да се постигне само доколку двете страни направат компромис.
Тој повторно предлага опција за корекција на границите со Србија.
– Аргументирав дека евентуален договор за мирна корекција на границите со Србија, на Косово му обезбедува признавање од страна на Србија и припојување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа на нашата држава. Очекував рационални противаргументи, но до денес слушнав само бучава и во најлош случај омраза. Косово е многу мала држава за да произвдедува толку многу омраза што го дели нашето општество, наведува тој.
Скептиците ги уверува дека нема да има корекција на границата долж етнички линии, заминување на население ниту домино ефект што се однесува до стабилноста во тој дел од Европа.
– Времето на војни меѓу Србија и Косово според мое убедување помина. Но, крајот на оваа епоха може да се констатира само ако постигнеме конечен договор меѓу Косово и Србија, нагласува Тачи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација