Балкан
31. August 2016 - 12:52

Тачи: Нападот врз зградата на косовскиот парламент е терористички чин

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека нападот врз зградата на косовскиот парламент на 6 август претставува терористички чин и истакна дека „тој облик на политичка акција е неприфатлив“, јавија денеска приштинските медиуми. 

„Политичкото насилство нема место во нашето општество и во нашето ново Косово, кое го изградивме со многу жртви. Ја поддржувам полицијата во бескомпромисната потрага по сите оние кои на кој било начин го загрозија Косово“,  се наведува во соопштението од на канцеларијата на Тачи, пренесува Танјуг.

- Граѓаните на Косово ја заслужуваат најголемата почит поради зрелоста која ја покажаа, затоа што доследно се спротиставуваат на насилството како облик на политичка акција, истакна Тачи. 

„Косовскиот претседател ги повика сите политички партии да не се приклучуваат на реториката на насилство и да ги остават зад себе малите политички интереси, како и да се соединат поради општата корист на Косово“, се наведува во соопштението. 

- Пред Косово се важни процеси, кои ќе имаат директно влијание врз унапредувањето на животот на граѓаните, слободното движење, зајакнувањето на стратешкото партнерство со САД, трансформација на косовските безбедносни сили во вооружени сили и други процеси на интеграција, стои во соопштението на косовската Влада.