Тачи го повика Курти за да му го предаде мандатот денеска во 12 часот
Претседателот на Косово Хашим Тачи го повика лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти на средба во неговиот кабинет, денеска во 12 часот, за да му го предаде мандатот за формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
ВВ, како партија победничка на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, претпладнево написмено го извести Тачи дека Курти е нејзиниот предлог за мандатар за состав на новата косовска влада
Денешната одлука на ВВ уследи по неколкуте писма на Тачи со барање до ВВ да номинира мандатар за премиер, со цел да не се доцни веќе со формирањето на државните институции.
Партијата на Курти, ниту по повеќе од три месеци од одржувањето на изборите, не успева да се договори со исто така досега опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа за формирање заедничка влада, поради несогласувања околу поделбата на функциите.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче