Балкан
16. September 2017 - 11:38

Тачи: До крајот на годината Косово ќе има своја војска

Во партнерство со САД, НАТО и ЕУ, до крајот на годината Косово ќе добие своја војска, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

- Дефиниитвно се очекува војската да биде формирана до крајот на оваа година. Можеме да извршиме уставни измени и силно го поддржуваме тоа. Војската ќе биде формирана оваа година во соработка со Соединетите Држави, НАТО и Европската унија, рече Тачи во изјава за телевизијата РТК.

Тој нагласи дека неговиот Кабинет ќе раководи со целиот овој процес на формирање на Војска на Косово, во соработка со новото министерство за одбрана.

- Ќе изградиме модерна, мултинационална и професионална армија и сигурна перспектива за членство во НАТО, порача Тачи.