Балкан
3. October 2016 - 17:46

Тачи бара да продолжи дијалогот со Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска, во текот на официјалната посета на Тирана, изјави дека Приштина ќе продолжи со целосна нормализација на односите со Белград, оценувајќи дека единственото решение е продолжување на дијалогот, јави Танјуг.

Според Тачи, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина влијае и врз регионалната стабилност и засилувањето на односите меѓу државите во регионот, обавено е на неговиот претседателски сајт.

- Ние сме посветени на нормализацијата на нашите односи преку дијалог, бидејќи  само преку дијалог ќе ја засилиме нашата држава, објасни Тачи, додавајќи и дека е важно целиот регион да биде определен за членство во Европската Унија.

Во текот на посетата на Албанија, Тачи се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, кој, исто така, истакна дека регионалната соработка е „клуч на мирот, стабилноста и развојот во нашиот регион“.

Тачи се сретна и со албанскиот претседател Бујар Нишани, кој го поддржа унапредувањето на дијалогот Белграда-Приштина како клучна работа за нормализација на односите, како и засилување на мирот и стабилноста во регионот, пренесе АТА.