Балкан
23. October 2016 - 13:28

Тачи: Аспирациите на Косово се евроатланската интеграција, а не обединување со Албанија

Косовскиот претседател Хашим Тачи во своето обраќање на 93 семинар на Роз-Рот на Парламентарното собрание на НАТО, што се оржува во Приштина, односите со Албанија ги оцени како одлични поради што треба да се радуваат сите.

- Немаме аспирации за промена на границите со Албанија. Аспирциите на Косово се евроатлански и за тоа се ангажираат сите партиите во земјата, истакна Тачи, додавајќи дека неговата земја има добри односи со сите земји во региот.

Според него неопходно е зачленувањето на Македонија и на Црна Гора во НАТО, а како многу значајано за регионот е Европска унија да не доцни со интеграцијата на земјите од регионот.

Тачи оцени и дека односите Косово-Србија повеќе не се закана по безбедноста.

- Пред 17 години Косово и Србија беа земји во конфликт, нашите народи беа непријатели. Сега имаме сосема друга слика. Со Србија почнавме дијалог и како резултат на тоа успеавме сега еден со друг да се гледаме како пријатели. Благодарение на соработката, денес односите меѓу Косово и Србија повеќе не се закана по безбедноста во регионот. Подобрувањето на односите Косово-Србија влијаеа и во односите на другите земји, посочи Тачи, споменувајќи ја при тоа посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србија.

Косовскиот претседател оцени дека неговата земја успешно се справила со радикализмот, како и дека во последно време нема ниту еден косовски граѓанин кој заминал во конфликтните подрачја.

На семинарот што се одржува три дена, а почна вчера, се дискутира за перспективата на Косово во односите со ЕУ и улогата на НАТО во регионот, како и други теми порзани со безбедноста на Косово и регионот.