Џет-Сет
29. December 2017 - 10:41

Таа болка никогаш нема да ја победам... Потресни зборови на Леа Киш за губењето на бебето за време на бомбардирањето

Леа Киш од почетокот на својата кариера важи за една од највредните жени меѓу ТВ лицата а во својата емисија секогаш е толку весела така што остава впечаток дека нема ниту еден проблем, грижа или мака.

Меѓутоа, Леа Киш носи голема тага во себе уште од 1999. година кога за време на бомбардирањето во Србија го изгубила бебето. Тоа бил најтежок момент во нејзиниот живот и се уште не може да го преболи.

- Најсреќниот момент беше кога на свет ја донесов мојата ќерка Сара, додека болка која никогаш нема да ја победам и која како жива рана ми стои на срце е губиткот на второто бебе за време на бомбардирањето. За жал, по тоа Бог не ми подари уште деца. Тогаш прв пат почуствував што значи да изгубите некого - кажала Леа.

- Ретко кога се потпирам на други. Не сум плашлива и не барам утеха од блиските. Жена сум која може да поднесе удари, но исто и да врати. Сметам дека човек се сам мора да преброди - изјавила Леа Киш.