Свет
26. April 2021 - 11:43

СЗО: Вакцината на Модерна се анализира за итна употреба

Вакцината на американската компанија Модерна по нова анализа на стручниот тим на Светската здравствена организација (СЗО) би можела да се најде на списокот на препарати за итна употреба.

– Техничко советодавно тело спроведува нова анализа на вакцината на Модерна и се очекува одлука за четири дена, изјави портпаролот на СЗО, Кристија Линдмаер.

СЗО досега одобруваше итна употреба за вакцини на Фајзер, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.