Loading Video...
Свет
19. July 2020 - 19:37

СЗО соопшти дека втор ден по ред е забележан рекорден број на новозаразени од Ковид-19 во светот

Светската здравствена организација соопшти дека втор ден по ред е забележан рекорден број на новозаразени од коронавирусот во светот, односно дека за 24 часа регистрирани се 259 илјади 848 новозаразени случаи.

Најголем пораст е забележан во САД – 71.000, потоа во Бразил – 45.400, Индија – 34.800 и Јужноафриканската република 13.300, се вели во соопштението.

Во јули просечно на дневно ниво има по 4,8 илјади починати луѓе, што е благ пораст во однос на јуни кога просекот беше 4,6 илјади, наведува СЗО.

Разговорите на лидерите на ЕУ за буџетот од 2.1 трилиони долари и фондот за опоравување од последиците од коронавирусот, влегоа во третиот ден со предупредување на германската канцеларка Ангела Меркел дека самитот на 27 лидери сѐ уште може да заврши без договор.

Извршната власт на ЕУ предложи да биде понуден фонд од 750 милијарди евра, што е повеќе од седумгодишниот буџет на Унијата од 1 трилион евра.

Сите нации се согласија дека треба да помогнат, но чети побогати нации од северот, предводени од Холандија, бараат стриктни контроли за трошењето, додека земјите од југот кои најмногу страдаат како Шпанија и Италија, велат дека условите треба да се задржат на минимум.

Доцна е за дијалог, ќе се протестира додека не паднат тие што треба да заминат. Пораката ја упати бугарскиот претседател Румен Радев, како одговор на повиците за дијалог што ги упати претседателката на парламентот во Софија Цвета Карајанчева.

Радев вели дека времето за дијалог поминало и дека народот не ја сака актиелната влада. Во Бугарија во изминатите десетина дена се одржуваат протести за оставка на Владата на Бојко Борисов и на главниот обвинител. Борисов, пак, го обвини Радев дека е сценарист на антивладините протести.