Loading Video...
Свет
2. July 2021 - 16:36

СЗО со нова препорака за училиштата поради Ковид-19

Во училиштата во Европа би требало да се прават ПЦР или антигенски тестови за да се избегне враќањето на онлајн наставата во случај на нов ковид бран на континентот препорача европскиот огранок на СЗО. 

-Затворањето на училиштата негативно влијаеше на образованието и социјалната и менталната корист на децата и младите и повеќе не може да го дозволиме тоа истакна директорт на СЗО за Европа, Ханс Клуге.