СЗО: Повеќе од четири милиони луѓе во светот заразени со коронавирус за една недела
Повеќе од четири милиони луѓе се заразени со Ковид-19 ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 64.000 починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
„Бројот на нови случаи на инфекција се зголемува повеќе од еден месец. Минатата недела се откриени повеќе од четири милиони“, се вели во неделниот билтен на СЗО.
Нагласено е дека „има извештаи за повеќе од 64 илјади смртни случаи“.
Според податоците дадени во билтенот, зголемувањето на бројот на заразени лица изнесува 3 отсто, додека бројот на смртни случаи е намален за 8 отсто.
Степенот на заразување се зголеми особено во текот на неделата во Источниот Медитеран (за 37 отсто) и Западниот Пацифик (за 33 отсто). Во исто време, пад е регистриран во Европа (за 9 отсто), и во Северна и Јужна Америка (за 3 отсто).
Во Европа, повеќе од еден милион луѓе се заразија со вирусот во текот на неделата, а повеќе од 8.000 починаа.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово