Loading Video...
Свет
29. November 2021 - 20:15

СЗО: Oмикрон претставува висок глобален ризик

Светската здравствена организација го оцени новиот јужноафрикански сој на Ковид-19 како многу висок глобален ризик. Процената на СЗО се заснова, меѓу другото, и на фактот дека Омикрон има голем број мутации што доведуваат до поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица.

- Се уште не знаеме дали омикрон варијантата ќе ја поврзиме со зголемена трансмисија, зголемен ризик од зараза или избегнување на имунитетот создаден со вакцинирање. Научниците на СЗО и низ светот работнат со голема итност да одговорат на овие прашања порача Теодрос Гебрејсус од СЗО.

Замор, болки во телотот, главоболка, според  јужноафриканските лекари се дел од симптоатите на  Омикрон, сој што според СЗО  ќе се прошири низ цел свет. Откриен  е на 9 ноември во Јужна Африка а случаи пријавија уште најмалку 14 држави. Досега нема потврдени смртни случаи.

- Појавата на омикрон варијантата е уште едно потсетување дека иако многу веруваат дека завршивме со ковид 19, вирусот не е завршен со нас вели Гебрејсус.

 Првата препорака до земјите-членки на СЗО е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, а наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.Јужноафриканскиот претседател и денеска ги повика земјите да ги укинат воведените рестрикции за патувањето од и во Јужна Африка по појавата на Омикрон.