СЗО: Некои земји имаат проблем со набавка на дополнителни вакцини за грип
Некои земји од северната хемисфера имаат проблем со набавка дополнителни вакцини за грип, заради поголемата побарувачка, но здравствените работници и постарите треба да бидат приоритет во случај да снема, објави Светската здравствена организација во петокот.
Додека стручњаците предупредуваат на двојна можност од епидемија на корона вирус и грип, СЗО препорачува вакцинација против сезонски грип за да се спречи преполнување на болничките капацитети.
Но, се чиони дека некои земји немаат доволно вакцини за сите, наведува СЗО.
„Некои земји имаат проблем со набавката на дополнителни вакцини“, рече за новинарите во Женева Ан Моен, шефица на одделот на СЗО за одговор на грипот, но не ги именуваше земјите.
„Кој има вишок вакцини, нека нѝ јави“, рече таа полушеговито.
Во случај да снема вакцини приоритет треба да имаат пет групи луѓе, здравствените работници и постарите, трудниците, луѓе со хорнични заболувања и децата.
Повеќето земји 9-12 месеци унапред набавуваат вакцини за следната сезона на грип, а некои производители може да го зајакнат производтвото во последен момент, согласно побарувачката, но постојат лимити.
Моен вели дека во моментот многу помалку вируси на грип циркулираат на јужаната хемисфера, како резултат на социјалното дистанцирање и и ограничените патувања.
„Ако се повтори сличен образец и на северната хемисфера, може да имаме помалку заразени“, додаде таа.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми