Свет
4. March 2020 - 15:37

СЗО: Коронавирусот може да се пренесе и преку пари

Коронавирусот можеби се пренесува и преку банкноти, па луѓето повеќе би требало да користат бесконтактен начин на плаќање, предупреди Светската здравствена организација.

Исто така, пожелно е корисниците да ги мијат рацете по секој допир со пари бидејќи КОВИД-19 може да се задржи на нив и неколку дена. За да се спречи ширењето на вирусот, луѓето би требало да користат бесконтактна технологија кога и да можат.

И „Бенк оф Ингланд“ вчера кажа дека банкнотите се носители на вируси и бактерии и им порача на луѓето често да си ги мијат рацете.

„Познато е дека парите минуваат низ многу раце и притоа собираат секакви вируси и бактерии. Ги советуваме луѓето да ги мијат рацете по секое држење банкноти и да избегнуваат да си го допираат лицето. Кога и да е можно, користете бесконтактен метод на плаќање за да го намалите ризикот од пренесување на коронавирусот“, соопшти СЗО.