СЗО ќе разгледува извештаи за повторно позитивни пациенти на Ковид-19
Светската здравствена организација соопшти денеска дека ги разгледува извештаите според кои некои лица кои го прележале коронавирусот повторно биле позитивни на тестовите за тој вирус.
„Ние сме свесни за извештаи на лица кои биле негативни на Ковид-19, а потоа повторно позитивни“, се наведува во соопштението на СЗО.
Јужнокорејските власти вчера соопштија дека 91 пациент, за кои се сметало дека се излекувани од вирусот, повторно се позитивни.
Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Џеонг Еун-Кјеонг рече дека е поголема веројатноста вирусот да е „реактивиран“ отколку пациентите да се повторно заразени.
СЗО предупредува дека пациентите не може да бидат пуштени од болница се додека, во рок од најмалку 24 часа, резултатите од тестот за коронавирус не се двапати негативни.
„Важно е да се осигураме дека се почитуваат процедурите при собирање примероци за тестирање пациенти за кои постои сомневање дека се заразени од коронавирус, наведува СЗО.
Според најновите податоци на Ворлдметерс, во светот досега се регистрирани 1.710.172 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 103.506, а 382.049 луѓе се излекувани.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата