Loading Video...
Свет
1. July 2021 - 20:50

СЗО: Ќе има нов бран во Европа, се зголемува бројот на заразени со Kовид-19 на континентот

Ќе има нов бран во Европа  доколку  лидерите  и граѓаните не се дисциплирани предупреди СЗО . По десет недели опаѓање,  во мината недела  бројот на нови случаи се зголеми за 10 проценти а причините според СЗО се должи на  поинтензивните патувања и поради олабавување на некои анти-ковид мерки од страна на земјите.

Инаку од денеска стапи  на сила ковид сертификатот на  ЕУ со кој треба да се избегне потребата од карантин и понатамошно тестирање за време на патувањето  помеѓу 27 земји членки на Унијата  плус  Ирска, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Документот 

достапен во дигитална форма на паметните телефони или во хартиена форма, покажува дали патникот е вакциниран со една од вакцините одобрени од ЕМА,, дали тој се заразил со ковид- 19 или има негативен тест за коронавирус. Но загрижувачката ситуацијата со делта сојот на коронавирусот во некои членки на ЕУ веќе се заканува да ја намали употребата на сертификатот.