Свет
15. May 2020 - 20:42

СЗО истражува за можна врска меѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки кај децата

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја испитува можната врска помеѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки. Форма на заболување близу до болеста Кавасаки предизвика прв смртен случај на дете во Франција.

– Првичните хипотези се дека овој воспалителен синдром може да биде поврзан со Ковид-19, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Ги повикуваме сите медицински лица во светот да работат заедно со властите и со СЗО за да анализира подобро тој синдром кај децата.  Од суштинско значење е итно да се проучат карактеристиките на синдромот со цел да се најде причинско-последична врска и да се презентираат третмани за лекување.