Свет
11. May 2021 - 9:40

СЗО: Индиската мутација на коронавирусот е „вознемирувачка“

Светската здравствена организација ја опиша како „вознемирувачка“ мутацијата на коронавирусот откриена во Индија која веќе се проширила во повеќе од 30 земји.

Прелиминарните студии покажуваат дека мутацијата се шири полесно од другите варијанти и бара понатамошно проучување.

Официјалниот став на СЗО е дека досега развиените вакцини продолжуваат да бидат ефикасни против индиската мутација. Сепак, на последната прес-конференција беше кажано дека може да има некои докази за „намалена неутрализација“.