СЗО и ФДА: Трета доза вакцина против Ковид засега не е оправдана
Администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од СЗО и американската агенција за лекови ФДА.
– Вакцините, кои ги има во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе со висок ризик од тежок облик на Ковид и кои се уште не се вакцинирани, пишуваат експерти во британското медицинско списание „Лансет“.
– Актуелните податоци не покажуваат потреба од повторно вакцинирање на целата популација, каде што ефикасноста против тешките форми сè уште е висока, истакнува групата меѓународни експерти, која вклучува експерти од Светската здравствена организација и ФДА, како и неколку истражувачки организации од целиот свет.
Можноста за дополнителна, најчесто трета доза за целата популација е предмет на жестока дебата.
Експертите чија статија беше објавена во Лансет, сметаат дека дека, дури и ако нивото на антитела се намали со текот на времето кај вакцинираните луѓе, тоа не значи дека вакцините се помалку ефикасни против тешки форми на болеста.
Тие нагласуваат уште еден вид на имунолошкиот одговор, клеточен имунитет, што е потешко да се измери.
Покрај тоа, тие препорачуваат развој на дополнителни вакцини специјално дизајнирани за отпорни варијанти што може да се појават во иднина, наместо да се даваат дополнителни дози од постоечките вакцини.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право