СЗО и ФАО: Доколку се почитуваат препораките, вработените во маркетите не би требало да ја загадат храната
Работниците со храна во маркетите и продавниците не би требало да ја загадат храната доколку ги следат стандардните, добри лични хигиенски практики кои го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот. Мерки, како што е често миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете, употреба на заштитна облека, добра респираторна хигиена, ќе го намалат ризикот од ширење на болеста, порачуваат Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната.
СЗО и ФАО како дополнителен начин за заштитаа ги посочуваат регулирањето на бројот на купувачи во продавниците, чекањето во редици со растојание, поставување на средства за дезинфекција, ознаките на подот од маркетите за да се држи растојание.
-Иако засега нема научни докази кои сугерираат дека храната е поврзана со пренесување на Ковид-19, важно е да се одржува хигиената околу полиците каде е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација, велат од СЗО и ФАО.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа