СЗО: Епидемијата се засилува, се уште не сме го достигнале пикот на пандемијата
Светската здравствена организација (СЗО) за време на викендот регистрирала околу 400.000 нови случаи на Ковид-19 во светот, што, според неа, покажува дека новата пандемија на коронавирус не покажува никакви знаци на слабеење.
-Епидемијата забрзува. Ние се уште не сме го достигнале пикот на пандемијата, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус, на онлајн прес конференција во Женева.
СЗО, исто така, соопшти дека ги признава „новите докази“ за пренесување на коронавирусот преку воздух.
Меѓународна група од 239 научници вчера ги повика властите, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, да признаат дека коронавирусот може да се шири и низ воздухот на растојанија од повеќе од два метра и соодветно да ги преиспита нивните упатства за превенција.
Во коментарот објавен во списанието „Клинички инфективни болести“, експертите напишаа дека студиите покажале дека „надвор од секакво сомневање“ е дека вирусите можат да патуваат десетици метри во воздухот, а анализите на некои настани покажале дека истото важело и за вирусот Сарс-Ков. 2, што го предизвикува Ковид-19.
Нивните препораки вклучуваат поголема вентилација во затворен простор, воведување на високо ефикасни филтри за воздух и ултравиолетови ламби, како и избегнување на пренатрупаност во зградите и јавниот превоз.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација