Свет
17. јуни 2020 - 16:53

СЗО: Дексаметазонот е добра надеж

Втор бран на корона вирусот го зафати регионот. Косово бележи рекордни 141 ново заразени, Премиерот Хоти предупреди населението да се придржува на мерките бидејки болничките капациетти се преоптоварени. 

Во Бугарија има 112 нови случаи последново деноноќие, а пет лица се починати од  Ковид-19.  Жариште на болеста е регистрирано и во регионот на грчката општина  Родопи во близина на северната бугарска граница. Неколку села се под целостен карантин,а за само 24 часа починале три лица.

Во БИХ се потврдени уште 56 болни, а по педесетина нови позитивни се регистрирани во Србија и Албанија. Во меѓувреме СЗО го поздрави открититето на Британците за ефикасноста на дексаметазонот во борбата против короната.   Експерите велат дека лекот ја намалува смртноста за една третина кај болните кои се на респиратори.

Истражувањето е направено врз 2000  пациенти. Резултатите биле споредувани со клиничката слика на 4000 кои не го земале лекот. Третманот траел околу десет дена. Експерите истакнуваат дека дексаметазонот кој датира од 60тите години е достапен насекаде во светот по ниска цена. Се користи за лекување на ревматскиот артритис и астмата. Лекарите предупредуваат дека лекот не е ефикасен кај пациенти со лесни симптоми, туку само кај оние кои се критични случаи.