Македонија
24. July 2020 - 15:50

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовчанец поради сомнение за „убиство во обид“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Б.(31) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 01.07.2020 пред угостителски објект во с.Мала Речица, тетовско, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и М.Ш.(40) од Тетово, по што пријавениот земал автоматска пушка и пред домот на М.Ш. на ул.„Илинденска“ во Тетово испукал неколку куршуми кон него и го погодил во пределот на потколеницата.

По преземени мерки од страна на полициски службеници на 22.07.2020 пријавениот бил пронајден и лишен од слобода и му била одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.