Македонија
3. May 2021 - 19:10

СВР Тетово изрече казни на 144 возачи за брзо возење

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.Од нив 16 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 91 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.

Истакнуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.