Македонија
2. November 2025 - 14:40

СВР Куманово: Не се регистрирани прекршувања, изборниот процес поминува мирно

Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информираше дека на подрачјето на секторот кој покрива шест општини од североистокот не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и досега процесот поминува без нарушувања на јавниот ред и мир.

- Ве известуваме дека на подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на јавниот ред и мир, соопштија од СВР Куманово.

Право на глас во најголемата општина денеска имаат 94.041 избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. 

 

МИА