Македонија
15. September 2018 - 16:41

Свирепо убиство во Прилеп - полицаец го застрелал, а потоа го запалил 36-годишниот Бекир А. од Битола

24 годишниот полициски службеник Енвер Т.  од Битола е сторителот на грозоморното убиство кое вчера околу 16.30 минути се случи кај прилепското село Беловодица, при што беше убиен 36 годишниот Бекир Алили од Битола. Oсомоничениот е уапсен утрово околу 2 часот и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Според првичните информации прво било пукано во Алили, а потоа неговото тело било и запалено. Од Јавното Обвинителство и МВР потврдија дека кај убиениот биле утврдени четири прострелни рани во телото, а истото било опожарено кај главата. Сепак можело да се препознае, а кај убиениот имало и лични документи за идентификација.

Покрај убиениот биле пронајдени 4 чаури и едно зрно од огнено оружје, како и повеќе траги од автомобили. Неофицијално убиството се случило поради долг кој полицаецот го имал кон убиениот.

„Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 2 часот ноќеска приведен е сторителот во полиициска станица каде што го признал делото и детално појаснил како го извршил. Во текот на денот сторителот ќе биде предаден на јавен обвиниител“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Инаку телото како гори на средината од селскиот патот го пронашол случаен минувач од Прилеп, кој според првичните информации одел на рибарење во блиското езеро.

Беловодица е село каде постојано живеат уште само 15-тина постари лица. Жителите велат дека вчера не забележале ништо. Сопругот на Блага Мицевска, жител на селото Беловодица, вчера бил во близина на местото, но само слушнал истрели. Помислил дека се ловџии или дека пука нешто сосема друго.

„Сопругот бил со кравите во близина каде е пронајдено телото, слушнал пукање 5-6 пати, но воопшто не помислил дека се случува нешто лошо. Си ги прибрал кравите и со дошол дома, не ни отишол кај патот. Што се случило разбравма јас и детето кога се враќавме вечерта дома. Тука имаше многу полиција“, вели Блага Мицевска жител на селото Беловодица.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО, се преземаат мерки за расчистување на случајот.