„Свиња ќе си остане свиња“ - Фејсбук навреди за Боки13 од Бени Шакири, еве како тој врати
На повидок е нова естрадна војна, а овојпат главни актери се Боки 13 и Бени од Нон Стоп!
Имено, деновиве во центарот на вниманието беше веста за хуманиот гест на екс водителот кој се погрижи малиот Лука од Свети Николе и неговите родители оваа зима да ја поминат во нормален дом, со нормални услови за живот и им обезбеди комплетно опремен стан со платена кирија и сметки во период од една цела година.
Целата оваа акција беше проследена и со фотки и видеоматеријали на кои Боки позира со потресеното семејство, а токму овој гест видно го вознемерил рокерот кој јавно преку Фејсбук му порачал на Боки дека е "дебела свиња" кој ја користи туѓата несреќа за да си направи самопромоција.
Боки да не остане покус во свој стил веднаш му одговорил на Бени, кој, според него, е тажна, несреќна и лоша личност полна со злоба.
Ако мислевте дека тука заврши преписката се лажете, зашто Бени останал недокажан па по само неколку часа повторно објави нов статус, се разбира, надополнет.
Боки сега-засега молчи, а дали и до кога ќе потрае молкот останува да видиме.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени