Свет
18. September 2017 - 8:24

Светските лидери од денеска на седица на генералното собрание на ОН

Светските лидери од денеска престојуваат во Њујорк на заседание на Генералното собрание на ОН каде американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да одржи состанок за реформите на светската организација.

Трамп денеска покрај тој состанок, ќе разговара со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Франција Емануел Макрон, по што ќе организира вечера за лидери од Јужна Америка на која главна тема ќе биде кризата во Венецуела.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека до ГС ќе достави извештаи од предлози за подобро работење на ОН и координација меѓу агенциите на таа светска организација.

Меѓу главните теми на заседанието на Генералното собрание на ОН ќе биде нуклеарната програма на Свеерна Кореја и ситуацијата во Мјанмар од каде во соседен Бангладеш  побегнаа 400.000 припадници на муслиманско малцинство Рохинџи.