Македонија
5. јуни 2018 - 9:01

Светски ден на животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот, денеска организира забавно-едукативен настан со кој ќе се вклучи во глобалното одбележување на 5 Јуни - Светскиот ден на животната средина.

Годинашново одбележување на овој значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика. 

Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од девет скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје, наведуваат организаторите.

На настанот предвидено е да се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули,  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.  

Во настанот, што ќе се одржи на отворената бина на „Школката“ во Градскиот парк во Скопје, ќе се вклучат и колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД, ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара.