Бизнис
27. April 2021 - 16:53

Светска банка: Вакцинација и внимателно трошење за враќање на економијата

Цените на храната ќе растат се додека има епидемиолошки мерки. Експертите од Светска банка велат дека заради пандемијата отежнато е снабдувањето на пазарите и тоа ја поскапува храната, и во регионот и секаде во светот. Дополнителен притисок прават растечките цени на горивата.

Монетарната политика во земјава е добро поставена и Светска банка не очекува погревање на инфлацијата. Според банката, целиот овој регион ја издржал кризата релативно добро, а придонес на тоа дадоа мерките на владите. Сепак, експертите велат во земјава треба внимателно да се прават следните чекори за помагање со пари за плати за  фирмите погодени од кризата затоа што можностите на буџетот се ограничени, а голем дел од фирмите работат во сивата зона.

Јавниот долг годинава ќе надмине 60% од БДП, а брзината на закрепнување на економијата ќе зависи од брзината со која ќе се врши масовната вакцинација. Враќање на нивото од пред кризата во Македонија се очекува догодина, а Србија  веќе се враќа на тие стапки.