Светска банка: Македонската економија со најголем раст во регионот
Светска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто.
Како ризици во Извештајот се наведени политичката несигурност и мигрантската криза.
Во земјите од регионот, СБ годинава предвудва раст на економијата на Албанија од 3,2 проценти, на БиХ 2,6 отсто, Бугарија 2,2 отсто, Хрватска 1,9 отсто, Косово 3,6 и Србија 1,8 отсто.
За наредната година растот на БДП во Албанија е 3,5 отсто, БиХ 3,1 отсто, Бугарија 2,7 отсто, Хрватска 2 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 3,1 отсто и Србија 2,3 отсто.
Светската банка во извештајот ја намали прогнозата за растот на светската економија. Развиените економии се опоравуваат побавно од очекуваното, а ниските цени на суровитените им пречат на другите земји.
Според Светската банка, светската економија ќе забележи раст од 2,4 отсто оваа година – исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа за 2,9 проценти.
За Македонија СБ го прогнозира следниов раст.
2016: +3.7%
2017: +4.0%
2018: +4.0%
Прогнозите за Македонија се зголемени за 0.3% за секоја година во споредба со последната прогноза од Јануари 2016.
Земјите од регионот се со следниве прогнози:
Албанија:
2016:+3.2%
2017:+3.5%
2018:+3.8%
БиХ:
2016:+2.6%
2017:+3.1%
2018:+3.5%
Бугарија:
2016:+2.2%
2017:+2.7%
2018:+3.0%
Хрватска:
2016:+1.9%
2017:+2.0%
2018:+2.4%
Унгарија:
2016:+2.6%
2017:+2.4%
2018:+2.3%
Косово
2016:+3.6%
2017:+4.0%
2018: +4.1%
Молдавија
2016:+0.5%
2017:+4.0%
2018:+4.1%
ЦРНА ГОРА
2016:+3.7%
2017:+3.1%
2018:+3.0%
Србија
2016:+1.8%
2017:+2.3%
2018:+3.5%
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани