Балкан
16. November 2017 - 9:11

Светска банка ќе го презентира полугодишниот извештај за Западен Балкан

Светска банка денеска ќе го презентира редовниот полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан.

За состојбите во економиите во Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија преку видео линк ќе говорат Линда Ван Гелдер, директор на регионот за Југоисточна Европа и Галина Андронова - Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија и фискално управување во Светска банка. 

Презентацијата на извештајот насловен „Забрзува отворањето на работни места“, во Скопје ќе се одржи во просториите на Канцеларијата на Светска банка.