Бизнис
6. April 2017 - 8:20

Светска банка ќе го презентира економскиот извештај за Македонија

Светска банка денеска ќе го презентира редовниот полугодишен извештај за состојбата на економијата во Македонија и во останатите земји од Западен Балкан.

Извештајот ќе го презентираат регионалниот директор за Западен Балкан Елен Голдстин и програмскиот лидер за Западен Балкан за рамномерен раст, финансии и институции во Светска банка, Марко Хернандез.