Бизнис
28. September 2015 - 8:38

Светска банка ќе го презентира економскиот извештај за Југоисточна Европа

Светска банка организира презентација на осмото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна Европа (ЈИЕ 6: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија).

Регионалниот извештај ќе го претстави Галина Андронова Винчелете, главен економист на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија и коавтор на извештајот преку видео линк, кој ќе биде обезбеден со канцелариите на Светска банка во ЈИЕ 6 земјите.

Во Скопје, извештајот ќе го претстават Горан Тињиќ, в.д. директор и Бојан Шимбов, економист од Канцеларијата во Светска банка.