Свет
18. March 2020 - 9:19

Светот запрепастен од плажите на Флорида: Одмор, сонце и коронавирус

Додека властите од целиот свет апелираат и предупердуваат на почитување навоведените мерки за време на пандемија, Американците на Флорида не се грижат многу.

Од пропишаната оддалеченост нема ништо, на пренатрупанта плажа се речиси еден до друг.

Фотографии и видео од западниот брег на Флорида покажуваат како љубителите на плажа, уживаа во сонцето изминатиот викенд.

Додека неколку од плажите се затворени на источниот брег поради вирусот Ковид-19, на другите се уште има гужви и покрај сите предупредувања.

Во САД досега има потврдено 4.700 случаи и повеќе од 90 мртви.

Градови и држави ширум светот одговоријна на епидемијата со затварање на училишта, аеродроми, ресторани и забранија масовни собири со цел да се спречи ширење на вирусот.