Loading Video...
Свет
31. December 2020 - 19:49

Светот во 2020 година

2020 година. Година која го промени светот.

Годината почна во знакот на мистериозниот вирус кој се појави на пазарот за диви животни во Вухан. На 27 јануари кинеската влада призна дека има проблем, 571 болeн и 17 мртви. Епидемијата ја зграпчи Кина. Останатиот дел од светот уште не ја сфаќаше сериозноста на ситуацијата.

Февруари зеде 2921 живот. Болеста се прошири и во Европа. САД воведоа рестрикции за летовите од Кина. Вирусот и официјално го доби името – Ковид 19. СЗО прогласи глобална здравствена закана.  

Март беше фатален за Италија. За помалку од 20 дена бројот на болни се искачи на 30 000 и 2 500 мртви. Прогласен е карантин за 16 милиони жители на подрачјето на Ломбардија. Франција до крајот на месецот имаше 500 мртви,  Шпанија 533, во Белгија вирусот се прошири со туристите кои доаѓаа од Северна Италија. Европа почна да се затвара, рестрикциите и карантинот само во март ја чинеа Шпанија 900 000 отпуштања. Германија успешно го поминува првиот удар на короната. СЗО прогласи пандемија.

Европа во април стана жариште со над еден милион потврдени случаи и над 100 000 мртви. Маските и тестовите станаа секојдневие. Во болница заврши и премиерот на Велика Британија. И во традиционално топлиот Балкан короната воспостави нови правила, држење дистанца.

Во мај стотици илјади Американци маршираа против расизмот. На нозе ги крена смртта на Афроамериканецот Флојд, кој брутално беше убиен од полицијата во Минеаполис. 

Во јуни САД  се регистрирани над 2 милиони случаи на корона. Болеста со целата силина се префрли и на нивна почва. Третманот со лекот ремдисивир со кој се забрзува болничкото лекување ја достихна цената од 3 500 долари за оние кои се осигурани приватно.

Вакцините на Астра Зенека, Модерна, во јули влегоа во третата фаза на клиничко испитување, Фајзер веќе почна да прави договори за продажба на својата вакцина, а Кина и Русија објавија дека нивните вакцини се најефикасни и најбезбедни. 

На 4 ти август силна експлозија го потресе главниот град на Либан, Бејрут. 200 луге загинаа, а над 300 000 останаа без покрив над главата поради пропуст и негрижа на складирање на зпаллииви материјали. 

Војната во Нагорно Карабах траеше 6 недели, со голем број жртви на двете страни. Конфликтот заврши со  договор, меѓу Ерменија, Русија и Азебејџан. Мирот го гарантираат руските мировни сили, а Азеребјџан традиционалиот сојузник на Турција ја врати контролата врз одредени територии на Нагорно Карабх. 

Во октомври американскиот претседател објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на корона. По три дена поминати во болница Трамп се врати во Белата Куќа. Бројот на болни во светот се искачи на  над 40 милиони. Од околу еден милион жртви на короната, речиси 250 000 починаа само  во САД.

Демократот Бајден успеа да го победи Трамп на ноемвриските избори во САД. Кампањата беше тензична, а Трамп го обвини својот противник за изборна кражба. И по две месеци од изброте, тој не го призна поразот.

Првите вакцини против корона вирусот конечно се одобрени. Светот почна да се вакцинира во последните денови на 2020 година, давајки нова надеж дека следната година ќе биде посреќна и побезбедна од оваа што ќе помине.